Профил на компанијата

Maxi LS

Добредојдовте во Макси ЛС

Макси ЛС Тетово е компанија која, повеќе од две децении, работи во полето на производство и трговија на хигиенско-санитарни производи, производи за инконтиненција и сировини за производство на хартија.

Макси ЛС претставува приватно друштво со три извора на дејност: хигиена, инконтиненција и сировини; две ќерки компании Макси Транспорт Тетово и Макпел Доо Скопје и регионални партнери во Грција, Италија, Србија, Косово и Босна и Херцеговина. Во прилог располага и со сопствена малопродажна и дистрибуциона мрежа на лесни, средни и тешки товарни возила за домашен и меѓународен транспорт.

Друштвото врши хуманитарни активности на места загрозени од елементарни непогоди и зазема активно покровителско учество во културно-уметнички и спортски настани од локален и државен карактер.

top